СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Audi Q5 Sportback: Спортски, практичен и елегантен [2*видео]

Audi по втор пат го престави новиот Q5 Sportback – овој пат и со неговите европски спецификации.

Audi ни ги сервираше првите информации за Q5 Sportback уште во септември, но во ограничена форма, главно оние поврзани со американскиот пазар.

Сега ни подготви комплетна дигитална презентација на купе изведбата на Q5, вклучително и она што најмногу нé интересира – бројките за европските верзии.

Па, да започнеме од нив, и тоа од врвот на понудата каде се наоѓа – некој од вас ќе погоди, друг нема да верува – дизел модел.

Со ознака SQ5 Sportback TDi тој запоседна таму со своите 341 KS и дури 700 Nm кои ги извлекува од трилитарскиот V6 мотор.

Со нив ги фаќа првите сто километри на час за 5,1 секунда и нема да застане до максималните 250, кога електрониката ќе му каже дека е доста.

За да биде поефикасен се грижи благата 48-волтна хибридна технологија со чија помош, како велат од Audi, просечно троши само 7 литри на 100 километри.

Кој сака понормален мотор ќе може да бира меѓу два дизела и еден бензинец, чија моќност се движи меѓу 204 и 286 коњски сили, сите исто така со блага хибридна технологија.

Како и нормалниот Q5, и оваа негова трендовска изведба со купеовска линија на покривот ќе се произведува во Мексико, а ќе започне да се продава во првата половина на идната година.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео