СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi казнет со 800 милиони евра поради дизел скандалот

 

Брендот Audi спогодбено ја прифати казната од 800 милиони евра поради манипулации со дизел возилата, со што е запрена правната постапка која ја води обвинителството во Минхен против неа.

Државното обвинителство во Минхен ја запира правната постапка против Audi за извршените манипулации со дизел моторите.

Автомобилската компанија нема да вложи жалба на одлуката да плати 800 милиони евра на име на отштета за вградување на измамнички софтвер во нивните возила.

Да потсетиме, станува збор за V6 и V8 дизел моторите вградувани од 2004 година па се до отварање на дизелгејт аферата.

Во суштина скапата казна Audi ќе ја плати поради тоа што во нивните дизел мотори, инаку развиени од  концернот Volkswagen, навремено не откриле дека е вграден софтвер кој при испитувањата за емисија на штетни гасови, покажувале нереално мали количини.

Истражителите истакнуваат дека паричната казна за Audi не е поврзана со истрагата која се води против лица поврзани со дизелгејт аферата во кои е вклучен и поранешниот шеф на Audi, Руперт Штадлер кој веќе се наоѓа во истражен затвор.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV