СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Aston Martin Victor: Еден и единствен

 

Најбрзиот V12 со мануелна трансмисија е произведен само во еден примерок.

Надворешност во црна боја, внатрешност во кашмир, кожа и дрво, V12 под предниот поклопец, … рачен менувач.

Тоа се желбите на анонимниот купувач кој го конфигурирал својот Aston Martin и веројатно сам го нарекол, Victor. Згора, ќе може да се пофали дека тоа е првиот примерок од серијата која брои – само еден примерок. Оригинал над оригиналите.

Од Aston Martin освен фотографиите не даваат никакви други информации. Максимално ја штитат и почитуваат приватноста на нарачателот.

Лубителите на екстравагантните супер спортисти воопшто и не би дознале за постоењето на Aston Martin Victor, пред некој ден да не беше организиран Concours of Elegance Court Palace. Посетителите на овој настан очигледно многу не се возбудуваат околу пандемијата, но секако не се рамнодушни на појава од типот на Victor.

Инсистирањето на Британските новинари вродило со плод па од Aston Martin се смилувале и соопштиле нешто од спецификите на оригиналниот модел.

Дизајнот е иснпириран од легендарниот Aston Martin V8 Vantage од 70-тите и 80-тите (што и да подразбираат под тоа, сепак е штуро и прилично нејасно).

Околу техничките податоци се за нисјанса поконкретни:

  • Атмосферскиот V12 мотор од 7.3 литри е позајмен од One-77 но преработен од Cosworth на 836 КС (812 Nm)
  • Мануелниот менувач е дело на специјалистите од Graziano – има 6 степени на пренос
  • Керамичките сопирачки (напред 380 mm, назад 360 mm) од серијата CMM-R ги испорачува Brembo
  • Амортизерите и пружините се позајмени од тркачкиот програм на Aston Martin
  • Victor е изработен од истата инжинерска екипа која има работено на Aston Martin Vulcan

Тоа е тоа што го комуницира производителот, за останатото може да се суди само од лиферуваните фотографии – па и тоа не е малку за да се стекне потребниот впечаток.

Очигледно нарачателот имал истенчен вкус за спорт и елеганција. Уникатноста веројатно ја платил во сума со многу нули! Со здравје нека си го гаражира!

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот