СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia e-Niro: Електрика во класично руво

 

Целосно електричниот Niro веќе го зазема своето место во салонот на Киа Моторс Македонија.

Европа веќе ги реши дилемите: автомобилската иднина и припаѓа на електричните погони.

Иако нашиот пазар важи за еден од покензарвативните, сепак е-автомобилите го наоѓаат патот до продажните салони.

Kia e-Niro е најновиот примерок на автомобил со нулто загадување, кој веќе е понуден на домашните купувачи.

Опремен со литиум-полимер (LiPo) батерија со капацитет од 64,8 kW, e-Niro може со едно полнење да помине до 463 километри. Приклучени на брз полнач (150 kW) дополнувањето од 10 до 80% трае околу 25 минути.

Електричниот мотор со максималана силина од 150 kW (204 КС) е сместен во предниот дел и ги врти предните тркала. Од перформасите може да ги издвоиме забрзувањето од 7,8 секунди и Vmax од 168 км/ч.

Убави се тоа бројки за автомобил со должина од 4.420 и тежина од 1.739 kg. Како и останатите електрични конкуренти, e-Niro е подигнат од подот, попрецизно кажано, припаѓа на кросовер класата.

Оваа категоризација треба да се сфати во полна смисла на зборот затоа што ниту надворешниот изглед ниту пак ентериерот со ништо не наговестуваат дека станува збор за е-возило.

Заштедата на тежина, која е главен лимитирачки фактор за радиусот на движење, не може да се забележи на ниту една позиција. Напротив, солидноста на изведбата со ништо не се разликува од класичните изведби.

Втората генерација на моделот доаѓа како хибрид, плагин хибрид или како веќе опишаниот модел – целосно електрично возило.

Можеби тоа е главната причина за задржување на високото ниво на изработка и употребените материјали. Нејствојствено за е-возило, спартанската опрема и ефтините материјали ќе мора да се побараат на друго место.

Цената на максимално опременото e-Niro сеуште не е соопштена, но ако се суди по достигнатото технолошко ниво и вградената опрема, нереално е да се очекува таа да биде популарна.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг