СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Peugeot 308 прогласен за Автомобил на годината во Македонија за 2023

 

Автомобилските новинари ги прогласија најдобрите автомобили за 2023 година!

Националното стручно жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 28. пат го организира Изборот на „најдобрите од најновите автомобили“ пристигнати на нашиот пазар.

Најстарата манифестација, која во континуитет се оддржува веќе 28 години, е единствена од ваков вид во Македонија. Помладите генерации би требало да знаат дека тоа е единствен Избор во кој учествуваат специјализирани новинари со долгогодишно искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2023 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегоа во потесниот избор за престижната титула:

Alfa Romeo Tonale
Citroen C5 X
Kia Sportage
Opel Astra
Peugeot 308
Škoda Fabia
Toyota bZ4X

При изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2023“ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост.

Согласно тие критериуми, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот: PEUGEOT 308

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во краткото образложение за донесената одлука на Жирито се вели: Третата генерација на Peugeot 308 прави значаен технолошки исчекор во класата.

Уникатен според својот стил, со мулти-енергетски можности и две каросериски изведби тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата.

Изграден врз најновата надградба на EMP2-платформата тој може да понесе бензински и дизел мотори, потоа електрификација во вид на капацитетен plug-in хибрид, како и целосно електрична верзија.

Во гласањето, моделот Peugeot 308 доби три (3) гласа а еден (1) глас доби моделот Opel Astra.

 

ПРИЗНАНИЕ – СУВ на годината

Националното Жири реши годинава да го додели Признанието СУВ на годината на: KIA SPORTAGE

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)

Националното Жири реши годинава да го додели Признанието EV на годината на: FIAT 500E

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг