СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Прв контакт со новиот Sportage

 

Новата, петта по ред генерација на Kia Sportage веќе понудена на домашниот пазар.

Нова платформа, нови мотори, технологија од најновата, целосно нови дизајнерски решенија – тоа се фактите кои ги знаевме уште пред домашната презентација на новиот Sportage.

По првата средба со петтото поколение на Sportage впечатокот говори за видно зголеменување на димензии во однос на претходникот.

Се испоставува дека тоа е само визуелна перцепција – податоците говорат за зголемена должина од 6 cm, додека во широчина и височина зголемувањето изнесува по само 1 cm.

Уште поважно од димензиите е драматичниот пресврт во однос на обликот. Острите линии и драматичните пресекувања на површините наговестуваат целосно нов пристап во претставувањето на напредната технологија.

На самиот почеток, понудата се состои од турбо мотори со запремина од 1,6 литри. Бензинците ќе ослободуваат 150 односно 180 КС, додека дизелите впрегнуваат 115 или 130 КС.

За преносот на предните или сите четири тркала ќе се грижат 6 степенски мануелец и 7 степенски автоматик со двојна спојка.

Механичката основа се заокружува со целосно новата платформа во која може да се сместат и електрифицираните верзии.

Посебно е впечатлива внатрешноста која е целосно дигитална уште во почетното (од вкупно петте) ниво на опременост.

Тоа што го знаеме од првите четири генерации, квалитетот на изработката гарантиран со 7-годишна грижа, како и традиционално богатата опрема, сега додатно се збогатени.

Наспроти важечките трендови на драматични поскапувања, Sportage со сите новитети кои ги носи со себе, ценовно е поставен на релативно коректните 24.900 илјади вера.

Благодарејќи на ценовната класа по која се нудат компактните модели, екстремно популарниот компактен SUV кај нас, лани освои пазарен удел од над 45%.

Сега станува јасно дека докажаниот квалитет добива нова димензија, а целта е јасна: позиционирање во самиот врв на класата. Првичните реакции на Европските купувачи веќе го наговестуваат тоа.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг