СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Citroen C3: Умерен мејкап за шармерот  

 

Најпродаваниот модел на Citroen помина низ умерена естетска интервенција, сега така освежен се нуди на нашиот пазар со почетна цена од прифатливи, 11.690 евра.

 Актуелната генерација на C3 ја знаеме уште од јуни 2016 година и досега од неа се продадени повеќе од 750 илјади примероци. Тоа беше мотив плус за француската компанија додатно да го дотера својот бестселер и да му го продолжи животот до појавување на наследникот.

Операццијата е извршена со максимално внимание затоа што се работи за модел кој има исклучително успешен настап, па никој не сака да ја доведе во прашање неговата привлечност.

Тоа бил лајт мотивот на стрезите кога ја одредувале количината на промени. Целокупниот дизајн е ревидиран незначително, при што најголемите визуелни разлики се на предниот дел.

Потполно новите светла сега се со LED технологија, а се среќаваат и повеќе хромирани детали.

Покрај тоа благи промени има и на крилата, како и на Airbump заштитните перничиња поставени на бочните страни. Но сепак, главно освежување се побогатите можности за персонализација – нови бои, повеќе нивни комбинации и графички пакети.

Со оглед дека дури 65 отсто од купувачите во Европа го бираат својот C3 со двобојна каросерија, не е за изненадување што Citroen го зголеми изборот од 36 на дури 97 комбинации, добиени со седумте нови бои на каросеријата, четирите нијанси за покривот и исто толкуте декоративни пакети.

Во внатрешноста сега се вградуваат Advanced Comfort седиштата познати од поголемите модели C4 Cactus и C5 Aircross . Материјалите се помеки, а инфо-забавниот систем е со нови можности, вклучително и препознавање на глас.

Списокот на опрема го дополнуваат сензорите за паркирање на предниот дел, автономниот систем за кочење во критични ситуации и надгледувањето на возачот за замор и деконцентрација.

Тука се и системите за стартување без клуч и препознавање на сообраќајните знаци, како и автоматските долги светла.

Моторната понуда ја сочинуваат 1,2 литарскиот трицилиндричен PureTech со 83 KS, неговата турбо верзија со 110 KS и 1,5 литарскиот Blue HDi дизел со 102 KS. Зависно од моторот се вградува мануелен менувач со пет или шест степени и EAT6 автоматика.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг