СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Сообраќај поопсен од пандемија

 

На територија на целата држава се одвиваат интензивни контроли на сообраќајот – резултатите се поразителни!

Секојдневно сме сведоци на многу вознемирувачки бројки кои се објавуваат од надлежните за новозарезени луѓе со опакиот вирус на Ковид-19.

Не помала вознемиреност предизвикува и бројката која ја објавува отсекот за сообраќај при МВР. Се чини како медицинското зло да води некоја имагинарна трка со прекршителите на сообраќајните правила.

Морбидно звучи паралелата за трагичните последици кои ги предизвикуваат пандемијата и нецивилизациското сообраќајно однесување на голем број учесници.

Бројките се драматични. Контролите ни даваат увид во широк спектар на прекршоци: прекорачување на брзината, нерегистрирани возила, управување без дозвола, алкохолизирани возачи, … на списокот му нема крај.

Од почетокот на поинтензивните сообраќајни контроли (која се поклопи со наша објава на темата: линк до објавата) регистрирани заклучно со 10.10.’20 изнесува над 10 илјади такви случаи.

Поразителен е заклучокот кој можеме да го извлечеме од овие бројки. Тоа е еден страшен показател на која опасност сме изложени сите ние кога на било кој начин учествуваме во сообраќајот.

Иако често пати бев напаѓан кога велев дека сообраќајот ни е еден вид бојно поле, се испоставуваме дека сум бил преблаг во констатацијата. Построшно е!

Дека „нормализирањето“ на сообраќајните текови ќе биде тежок процес говорат и незгодите кои се случуваат во тек на засилените контроли. За жал ги има и такви во кои се одземаат животи и на случајни минувачи. И тоа од алкохолизиран возач кој вози пребрзо. Ужас!

Од позиција на уредник на овој медиум, апелирам до одговорните за сообраќај во МВР: акцијата нека премине во редовна состојба. Со постајани контроли и судски завршници за прекршителите може да дојдеме до какво-такво цивилизациско однесување во сообраќајот.

Во спортивно, црните бројки ќе се изедначат со тие од грдата пандемија која е надвисната над сите нас.

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: МВР

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг