СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Uncategorized

Citroën ë-C4 и C4 : Сакате елктрика, бензин или можеби дизел?

 

Новиот Citroën C4 доаѓа со бензиски и дизел мотори, додека ë-C4 ќе биде придвижуван само од електрична енергија.

Електрификацијата на Citroën продолжува со засилено темпо. По C5 Aircross SUV Hybrid, Ami, ë-Jumpy и ë-SpaceTourer, на ред дојде и хечбекот со компактни димензии, ë-C4.

Принципот, врз една платформа да се градат модели кои се придвижуваат на бензин или нафта но и на чиста електрика, во PSA веќе стана службена стратегија.

Посветеноста кон развој на возила со нулта емисија како и богатото SUV-портфолио дава одлични резултати.

C3 Aircross SUV и C5 Aircross SUV во Европа лани се продадоа во 300 односно 200 илјади примероци.

Ако се знае дека на компактните хечбек верзии им припаѓа 28% од Европскиот пазар, тогаш станува јасна посветеноста на Citroen кон новите ë-C4 и C4.

За дизајнот и стилот со кој французите ќе напаѓаат во центарот на класата, воопшто не треба да се троши мастило.

Тие што ја сакаат уникатноста на изгледот и функционалноста на креативната технологија, воопшто и не размислуваат за алтернативни решенија.

Во поглед на комфорот, тоа е поле на кое Citroën не остава воопшто простор за било какви подобрувања.

Системот Advanced Comfort® programme кој вклучува прогресивни хидраулични перници, способен е за „пеглање“ на сите нерамнини.

Тоа е традиција од која никој не сака да отстапи.

Новитетие ë-C4 и C4, Citroën ќе ги претстави кон крајот на месецот кога ќе бидат соопштени и целосните технички детали.

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Citroen

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Uncategorized