Досегашните сознанија за активната и пасивната безбедност на возилата се засноваа на испитувањата изведени врз кукли чиј облик беше исклучително базиран на машки тела. Во Volvo веќе подолго време се извршуваат тестирања и врз кукли со карактеристики на женско тело.
Штом се споменат возилата на Volvo прва асоцијација, покрај постојаноста и припадноста кон премиум автомобилското друштво, е безбедноста.
Швеѓаните, кои се присутни на пазарот од 1927 година, постојано ги подигнуваат стандардите за безбедност на нивните возила, па така за годинава си поставија задача ниту еден потешко повреден или загинат во сообраќајни незгоди во Volvo возила.
Тајната на лидерската позиција за безбедност на возилата се крие во постојаната грижа за патниците.
Тој развој е започнат уште по завршување на втората светска војна, за да потоа во 1970 се формира тим за истражување на сообраќајните незгоди. Оттогаш, тимот собра и анализира податоци од повеќе од 40.000 автомобили и 70.000 патници.
И кога во 2010 година Volvo Cars стана дел од кинеската групација Zhejiang Geely Holding (Geely Holding) многумина помислија дека дојде крајот на тој развој. Прогнозите одеа дури до промена на карактерот на возилата.
Се случи токму спротивното, развојот на безбедносните системи беше додатно стимулиран. Сега, во време на подигнување на стандардите и уоквирување на безбедносните системи во законски рамки, следи цела серија безбедносни мерки со Шведски печат. Фокусот на новиот развој се постави на испитување на различни по пол и големина на куклите за испитување.
Сега веќе тие кукли за испитување, популарни наречени „Dummy“, не се исклучиво од машки пол.
Женското тело според анатомијата се разликува од машкото па затоа се изработени низа кукли за испитувања (различни по големина) кои одговараат на женското тело.
Ова доведе до нови сознанија кои потоа резултираа со воведување на иновативни системи кои денес се вградуваат во автомобилите на Volvo.
Описот на иновациите како што се системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIP), системот за заштита од страничен удар (SIPS) и воздушните завеси, следува подолу:
1) Жените генерално се изложени на поголем ризик за повреда на вратот од мажите, главно заради разликите во анатомијата. Но, не во седиштето на Volvo, благодарение на Системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIPS), кој комбинира робустен потпирач за глава со паметен дизајн на седиштата за да ги поддржува главата и грбот, заштитувајќи го вратот. Откако првично забележавме релативен поголем пад на повредите кај жените во Volvo автомобилите со WHIPS системот, технологијата сега обезбедува споредливи ризици од повреди на вратот кај мажите и жените и ги преполови долгорочните ризици за повреди, во споредба со претходните автомобили на Volvo.
2) Жените се со поголема веројатност од мажите да претрпат повреда на градниот кош при сообраќајна незгода, поради разликите во јачината на скелетот. За оптимална заштита, Volvo Cars континуирано ја развива својата структура на автомобилите и воведе странични воздушни перничиња за да го минимизира влијанието врз патниците. Неговиот систем за заштита од страничен удар (SIPS) се потпира на интелигентна структура за зајакнување на целокупната безбедност. Всушност, заедно со воздушно перниче за заштита од страничен удар на телото, системот SIPS ги намалува тешките повреди на градниот кош за над 50% кај мажите и жените, во споредба со Volvo автомобилите пред воведувањето на SIPS системот.
3) Жените исто така беа во фокусот кога ја развиваше воздушната завеса (IC). Разликите во висината помеѓу луѓето ја прават воздушната завеса (IC), што го покрива целиот прозорец витална безбедносна карактеристика, обезбедувајќи неопходна заштита на главата при страничен удар. Заедно со SIPS системот и со воздушно перниче за заштита од станичен удар на телото, воздушната завеса (IC) го намалува ризикот од сериозни повреди на главата за околу 75% во однос на Volvo автомобилите пред SIPS системот. Воздушната завеса (IC) беше првото воздушно перниче, што понуди подобрена заштита, за патниците на предните и на задните седишта.
4) За да дознае повеќе за бремените жени во сообраќајни незгоди, Volvo Cars ја разви првата бремена кукла со просечна големина за тестирање на виртуелни незгоди. Компјутерскиот модел овозможува истражување за областите, како што се движењето на патниците и како безбедносниот ремен и воздушното перниче помагаат во заштитата на жената и фетусот.
Неодамна, податоците за истражување на Volvo Cars ја истакнаа релативната важност за заштита на лумбалниот ‘рбет, или долниот дел на грбот, кај сите луѓе, без оглед на полот и големината.
Понатамошните анализи и истражување го натераа да се фокусира на комплексноста на сообраќајните незгоди со излетување од патиштата и на предизвиканите повреди при истите.
Како резултат на технологијата, претставена прво во XC90 и сега во сите возила базирани на SPA, истата е апсорбер на енергијата во седиштата што оди подалеку од она што е регулаторно барање за производителите на автомобили.
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk