EcoSport e градски SUV, со кој Ford веќе цела деценија гради успешна кариера ширум светот. Додека кај нас ги прави првите пазарни чекори, ние имавме можност подробно да се запознаеме со посилната дизелска верзија опремена со Titanium пакет и погон на двете оски.
EcoSport е модел кој Ford го продава на сите континенти. Со последниот редизајн во 2018 година освежен е обликот, апдејтирана опремата а понудена е и нова палета на еколошки мотори.
И како најважна промена, како опција, е додадена и можноста за интегрален погон кој се нуди само во комбинација со посилниот дизелски агрегат.
Погодувате нели, ние на тест ја имавме токму таа опција. Новиот 1.5 литарски дизел ги исполнува најновите Euro 6d Temp норми и ослободува солидни 125 КС и големи 300 Nm.
Интегралниот погон ја распределува силината автоматски, сосема независно од возачот. Иницијално погонски се само предните тркала но во зависност од условите на патот до 50% од вртежниот момент може да биде трансфериран и на задниот пар тркала.
Токму оваа можност ја прави разликата во однос на нагло растечкиот сегмент на градски (суб-компактни) SUV возила. Во принцип тоа е и главната разлика во категоризацијата помеѓу SUV и кросовер моделите. Клиренсот од 20 cm заедно со релативно „коцкестиот“ облик го дополнуваат впечатокот за обликот, кој без никакви дилеми е доминантно „сувовски“.
Типичен Ford
Двобојната каросерија (опција) ќе им се допадне на трендовски настроените купувачи. Моментот на влез во внатрешноста непогрешливо ви дава до знаење дека сте во типично Ford опкружување.
Тоа може да ви се допаѓа или не, но класичниот пристап овозможува одлична ергономија. Додатно, поради зголемената височина, видливоста на сите страни е одлична.
Можеби некој лубител на новите решенија ќе најде место за приговор, но кога удобно се седи и командите ви се на место каде што и очекувате да бидат, приговорите успешно се амортизираат.
На прецизниот шест-степенски менувач, управувањето со доволна количина повратни информации, ефикасните сопирачки, добрата изолација, односно на сите базични вредности на едно возило, Ford одамна ги има навикнато своите корисници.
Чист дизел
На европските купувачи, EcoSport им се нуди со наградуваниот трицилиндерски мотор од 1.0 литри во верзии со 125 и 140 КС, а единствениот дизел има цилиндар повеќе и 1.5 литри.
Во понудата е вклучена изведбата со 100 КС и посилната варијанта со 125 КС и цели 300 Nm. Последнава бројка јасно го наговестува карактерот. Градскиот SUV силно повлекува уште од најниски вртежи, потоа продолжува да забрзува убедувајќи ве дека под хаубата е сместен многу помоќен агрегат.
Иако говориме за релативно високо поставен SUV (клиренсот е 20 cm), возењето е глатко и едноставно, на ниво на современите кросовери.
Бенефитот од погонот на четири тркала најдобро може да се почуствува при возење низ лизгави подлоги, а нам за таа намена ни послужи влажна тревната подлога при што без никакви потешкотии се движевме и низ нагорнини.
Ford EcoSport иако со двобојната каросерија и пакетите на опрема отворено кокетира со помладата популација, во варијантата со погон на сите тркала храбро се нуди и за вонасфатни авантури.
Во целава концепција малку нејасна ни е намерата на производителот на задна оска да ги вгради веќе подзаборавените барабан сопирачки, но веројатно тоа е цената на глобалниот пристап при проектирањето.
А кога сме веќе кај цената, возениот модел, значи EcoSport 125 PS AWD со Titanium ниво на опрема, според службениот ценовник, изнесува 25.800 евра. Толку.
Возилата од ден на ден се сé поскапи, дали во овој случај е одредена вистинската мерка останува секој да си одреди според сопствените критериуми. Инаку, варијациите на тема, цени, не доведува до стартната комбинација од 17.600 евра колку што домашниот увозник побарува за влезниот модел со бензиски 125 КС.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Ford EcoSport 125PS AWD |
|
мотор | EcoBlue, турбо дизел, четири цилиндри, линиски, сместен напред попречно |
работна зафатнина | 1.499 cm3 |
напојување | директно вбризгување на гориво, две брегасти оски, четири вентили по цилиндар, |
максимална силина | 92 kW / 125 КС @ 3.800 |
максимален вртежен момент | 300 Nm @ 1.750 – 2.500 врт/мин. |
пренос на силина | Автоматик , шест степени, AWD – погон на двете оски |
потпирање | Напред: Mc Pherson пружини, попречни рамења, стабилизатор Назад: полукрута оска, спирални пружини, стабилизатор |
сопирачки: напред / назад | самовентилирачки дискови / барабани – ABS, EBD, ESP |
должина x широчина x височина | 4.096 x 1.765 x 1.653 (mm) |
меѓуоскино растојание | 2.519 mm |
тежина | 1.421 kg |
максимална брзина | 181 km/h |
забрзување од 0 – 100 km/h | 11.3 секунди |
комбинирана потрошувачка | 4.8 l/100km |
емисија на CO2 | 119 g/km |
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk