СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW 1 Series: Погон напред

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMW1Series not found

 

Третата генерација на „кецот“ која доаѓа со погон на предната оска прави вистинска револуција во пристапот на BMW. Конечно, и патниците на задната оска ќе добијат малку почит.

На крајот и BMW се префрла на преден погон. Новата, трета по ред генерација, ќе има погон на предната оска, или како кај најсилните верзии, погон на двете оски.

Тоа го налагаат современите текови, но и прагматичниот пристап на бавараците успешно си ја игра дадената задача.

Отсега па натаму профилниот изглед на патика ќе биде заменет со вообичаен облик кај кого носот на возилото е значително пократок.

Тој момент е диктиран од попречно вградуваните три и читири цилиндрични мотори.

Во заминувачкиот модел моторите беа вградувани надолжно, а поради шестцилиндерскиот линијаш хаубата мораше да биде издолжена. Од тие причини “серијата 1“ на задната клупа нудеше најмалку простор од премиум конкурентите. И најмал багажник!

Со новата архитектура од темел се менуваат работите. На безмалку иста должина (-5 mm) на патниците сместени на задната клупа им се нудат додатни 33 mm, факт кој сериозно го подобрува комфорот.

Притоа и багажникот може да прими солидни 380 литри. Секако дека конкурентите во таа понуда се многу поиздашни но при вреднувањето треба да се земе предвид дека новата „единица“ има мулти линк на задната оска како и можност за погон и на задните тркала. А тие решенија заземаат простор.

Кога ќе се направат драматични промени во пристапот јасно дека решенијата носат низа од позитивни (производителот токму нив ги истакнува) но и помалку посакувани особини.

Една од помалку посакуваните секако е ограничувањето на големината на моторите. Кај новата единица BMW се ограничува на модуларни турбо мотори со три и читири цилиндри.

Влезниот бензинец (118i) од 1.5 литри, распределени во три цилиндри, ослободува 140 КС додека во најспорстката изведба, M 135i xDrive се вградува мотор кој има цилиндер повеќе и спортски 306 КС.

Трите понудени дизели (116d, 118d, и 320d), кои ги познаваме од порано, испорачуваат 116, 150 односно 190 КС. Најмоќниот помеѓу нив ќе биде понуден со интелигентен систем за погон на двете оски.

Промотивните материјали говорат за решенија на предниот погон кои се најнапредни од тој вид досега (со диференцијал против пролизгивање), но тоа ќе може да се провери откако BMW службено ќе ја претстави 1 Series на есенскиот салон во Франкфурт.

За конективните можности, безбедносните системи (се надеваме дека кај BMW 1 Series навистина ќе функционираат) и вградената опрема, никој не се сомнева дека ќе бидат на нивото кој BMW го ужива кај европските купувачи.

За германскиот пазар се најавени цени кои кај влезните модели се повисоки за околу 800 евра. Ако зе земе предвид дека предниот погон е за неколку илјади евра поевтин од погонот спроведен на задната оска, доаѓеме до моментот кој говори за прагматичниот пристап на баварците.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот