На автомобилскиот салон во Москва, Renault службено го претстави купе-кросоверот, Arkana, интересна комбинација на елегантна купе лимузина и моќен SUV.
Reanult има сериозни планови. Во наредните четири години французите си поставиле задача да произведат точно 5 милиони единици. За постигнување на тој прогрес главен адут треба да им биде токму купе-кросоверот, Arkana кој службено е претставен на автомобилската претстава во Москва.
Користејќи го моментот во кој купувачите ширум светот се наклонети кон купување на SUV возила, Renault влегува во динамичниот „Ц“ сегмент каде што купувачите се повеќе се наклонети кон возилата кои нудат посебен идентитет.
Токму таа добитна комбинација е вградена во посебен детаљ на Arkana. Обликот, по примерот на германските купе изведби налик на BMW X4, ги комбинира елеганцијата на купе-седан со моќноста на еден SUV.
Притоа и сите останати идентитетски елементи на актуелната гама се во целост задржани. Во Arkana ќе бидат вградувани мотори од најновата генерација на dCi и TCe единици, а за да не остане само на робусниот изглед ќе се погрижи и најавата за вградување на напреден интегрален погон. Ова последново јасно ги демантира гласините дека Arkana е изградена врз основа на мега популарниот Capture.
Интересно е зошто Renault го избра рускиот пазар за промоција на модел кој има глобални амбиции. Пред се тоа се плановите за експанзија на растечкиот руски пазар, а никако не може да се избегне и од фактот што во АвтоВАЗ (производител на Lada), Renault е мнозински акционер.
Дали Arkana ќе ја видиме и на европските пазари? Сигурно дека би сакале тоа да се случи, не само ние туку и купувачите ширум континентот, но одлуката за понуда на Стариот континент ќе зависи од стратезите на францускиот производител.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=cfOhQMoA1Ps[/tube]