СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volvo XC 40 прогласен за автомобил на годината во Европа

 

Спред поновата традиција, Автомобилот на годината во Европа се прогласува на отварањето на автомобилскиот салон во Женева. Најпрестижната европска титула годинава ја понесе Volvo XC 40.

Носител на најстарото воедно и најпрестижното европско признание оди во рацете на шведскиот производител. Volvo XC 40 е носител на титулата, Автомобил на годината во Европа.

Меѓународно жири составено од членови на 60 европски редакции кои доаѓаат од 23 држави, својот суд го носи оценувајќи ги финалистите врз основа на критериумите: безбедност, управливост, економичност, перформанси, функционалност, еколошки карактеристики, задоволство на возачот и цена.

Секој член на жирито располага со по 25 поени кои ги распределува на седумте финалисти, и тоа посебно според веќе наброените критериуми.

Победникот, Volvo XC 40 освои вкупно 325 поени, што е за цели 83 поени повеќе од второпласираната Seat Ibiza која збирот го заврши со 242 поени, додека третото место, со освоени 226 поени, му припадна на BMW serie 5.

На четвртата позиција се најде Kia Stinger со 204 поени, по којa следеа Citroen C3 Aircross со 171, Audi A8 со 169 и Alfa Romeo Stelvio со 163 поени.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV