СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

„2023 Автомобил на годината во Македонија“ – Седум финалисти во трка за титулата

 

По 28. пат Македонија бира „автомобил на годината“.

Националното стручно жири составено од професионални автомобилски новинари, продолжува со активностите од изборот на „Автомобил на годината во Македонија.

Годинешниот избор, инаку 28-ми во континиутет, се одвива во постпандемиски услови кои се карактеризираат со повторно оживување на пазарот на нови возила.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2023 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето:

– Alfa Romeo Tonale
– Citroen C5 X
– Kia Sportage
– Opel Astra
– Peugeot 308
– Škoda Fabia
– Toyota bZ4X

Покрај најпрестижната автомобилска титула во државата, „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделени уште и наградите:

– „SUV автомобил на годината“
– „EV на годината“

Резултатите од гласањето на Националното жири се очекува да бидат објавени до крајот на месецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг