СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

BMW X2: Нов член во X-семејството

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWX2VoSkopje not found

 

Баварскиот производител плански ја дополнува гамата на своите X-модели. Лубителите на марката имаа можност одблизу да се запознаат со BMW X2 кој се сместува точно помеѓу помалиот  X1 и поголемиот X3.

Конструирањето на нови СУВ или кросовер модели претставува најефикасен начин за покачување на добар процент на вкупната продажба.

А растот на продажбата, без разлика со кој модел е постигнат тој раст, претставува елементарна цел на сите производители. И на тие од премиум сегментот, секако.

Со оваа проверена рецептура обилно се користат и премиумците од BMW. Ако основните X-модели се означени со непарни броеви тогаш нивните купе изведби ги користат парните, и тоа како целосно нови модели.

Таа аналогија очигледно е искористена и при конструирањето на новиот член на баварското SUV-семејство.

„BMW X2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. BMW X2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата.

Згора на тоа, моделот M Sport X е достапен за прв пат и им овозможува на сопствениците да го персонализираат својот BMW X2 и направат уште поиндивидуален“ – изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Кога станува збор за системите за помош на возачот, BMW останува доследен и кај ново пристигнатиот, X2. Како пример нека послужат, асистентот Traffic Jam кој го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај низ пренатрупаните коловози.

Овој систем е дел од опцискиот Driving Assistant Plus, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера.

Кај новиот BMW X2 ќе бидат достапни два дизел и еден бензински мотор, а од крајот на месецов, понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг