СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Што и да е, само на струја да е [видео]

Американците имаат нова играчка – електричниот едносед со три тркала Solo.

Го нуди канадската компанија ElectraMecannica Vehicles со седиште во Ванкувер, а се произведува во Кина.

Развојот на Solo траеше цели пет години од причина што неговите креатори постојано сакаа уште со нешто да го усовршат.

Последното одложување беше заради промената на локацијата каде ќе се произведува – првичната идеја беше Калифорнија, но не успеаја да добијат државни субвенции за тоа и отидоа во Кина.

Концепцијата му е необична и дискутабилна: долг е 3,1 метри, има само едно седиште (заради што се вика Solo) и три тркала – две напред и едно назад.

За погон користи електромотор од 54 KS кој му обезбедува максимална брзина од 130 km/h, а батериите од 17,3 kWh автономија од околу 160 километри.

Тежок е само 775 kg, а сериската опрема меѓу другото вклучува серво управувач, клима уред, Bluetooth систем за забава…

Цената во САД му изнесува дури 18.500 американски долари, а компанијата се надева дека ќе продава по 20.000 примероци годишно.

Нека им е со среќа!

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео