СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Формула 1: Лажна трка, вистински бодови

 

Дождот од трката за големата награда на Белгија во формула 1 направи циркус, но возачите кои за три и нешто часа поминаа три круга, и тоа зад безбедносното возило, сепак добија бодови.

Додуша половина од предвидените, но Макс Ферстапен има цела победа, шеста оваа сезона, шеснаесетта во кариерата.

Заради екстремно лошите временски услови на патеката трката најпрво беше одложена за 20 минути, а после два круга за загревање процедурата за старт беше прекината.

Дотогаш дождот уште повеќе се засили и условите за возење беа невозможни, но организаторите не попуштија под метеоролошката уцена.

Тие играјќи стратешки според правилата најпрво се повикаа на „виша сила” и го запреа течењето на времето, а после, точно 3 часа и 17 минути по предвиденото, дозволија возилата да стартуваат.

Но само зад безбедносното возило зад кое поминаа три круга, после што трката беше прекината и моменталниот поредок, практично непроменет во однос на стартните позиции, прогласен за конечен.

Така Ферстапен ја намали разликата во генералниот пласман на три бода во однос на Луис Хамилтон, кој бранејќи ја титулата се најде на третата позиција, а Џорџ Расел со второто место го оствари најдобриот резултат во кариерата.

Бодови зад него уште освоија и Даниел Рикардо, Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Естебан Окон, Шарл Леклер, Николас Латифи и Карлос Саинц.

Годинешниот шампионат продолжува наредниот викенд со трката за големата награда на Холандија, која се враќа во календарот после 1985 година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт