СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Телевизија 24 ги обезбеди правата за пренос на трките од Формула 1 шампионатот

 

Екслкузивно за територијата на Македонија, Телевизија 24 ги обезбеди телевизиските права за пренос на трките во Формула 1, иако најбрзиот тркачки циркус веќе ја извозе првата од предвидените 21 трки, кои се наоѓаат на годинешниот календар на FIA.

Големо разочарување владееше кај бројната публика на Формула 1 трките во Македонија пред почетокот на првата трка која се возеше за големата награда на Австралија.

Ниту една тв-станица кај нас ги немаше откупено правата за пренос. Но денес (26.03) Телевизија 24 ја објави веста според која таа ги има откупено екслузивните права за пренос на трките од Форумла 1 за територијата на нашата држава.

Веста ги израдува сите лубители на најбрзиот циркус во светот. Започнувајќи веќе од наредната трка која се вози во Бахреин на 08. април, па се до последната, 21.трка закажана за 25 ноември во Абу Даби ќе бидеме директни сведоци на најгледаниот спорт во светот.

Минатата сезона трките од Формула 1 ги пренесуваше јавниот сервис, но тој тригодишен договор заврши, па сепак со големи (финансиски) напори на Телевизија 24, трките повторно се враќаат на нашите екрани.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг