Новата, шеста генерација на Corsa, Opel ќе почне да ја продава со почетокот на есента откако моделот успешно ги помина лабораториските, брзинските и тестовите на ектремни температури кои владеат на Поларниот круг.
Низ што се треба да поминат тестните примероци на новите возила? Тоа е прашањето кое често си го поставуваат купувачите.
Како одговор на овие лаички прашања можеме да го дадеме примерот на Opel кој веќе ја доврши новата Corsa, и ја подготвува за продажба.
Рабирливо, новите модели се создаваат со помош на најнови, најбрзи и најефикасни виртуелни методи за развој. За таа цел инженерите на Opel ги запоседнуваат вообичаените места за тестирање, усовршување и вреднувања во реални услови.
Од јануари, инженерите на Opel за шасија, мотори, електроника, осветлување и други експерти ја користат долгата поларна зима во шведска Лапонија за интензивно тестирање на ултра-ниски температури на замрзнати езера и снежни патишта.
На друго место, тестните возила неуморно кружат на тест патеката во Дуденхофен, додека лабораториските испитувања, како што е на пример електро-магнетната компатибилност, се случуваат на мирни локации но и во објектите во Риселсхајм.
„За време на развојот на следната генерација Corsa, ние ставивме посебно значење за зголемување на ефикасноста“, рече Томас Ванке, главен инженер за глобален развој и ефикасност на возилата, кој по четврти пат работи на новата генерација на Corsa.
„Новиот модел е значително полесен, што ја намалува потрошувачката на гориво и исто така го зголемува забавниот фактор.
Како и со претходните генерации на кои работев, шасијата што во моментов ја дотеруваме беше развиена на сите видови европски патишта, вклучувајќи го и брзите германски автобанови.
Нашата цел е јасно да го понудиме најдоброто на купувачот со оптимална рамнотежа помеѓу безбедноста, удобноста и забавата”.
За бестселер модел како што е Corsa која до дега е продадена во 13.6 милиони примероци, сериозниот пристап е и повеќе од очекуван, но и обврзувачки за производителот.
Новина кај шестата генерација на Corsa е што таа ќе биде полесна од претходникот а воедно ќе има поцврста шасија која лесно ќе може да ги совладува и најсложените услови кои владеат на европските патишта.
Новина е и можноста за вградување на чисто електричен погон кој Opel ќе го нуди уште од почетокот на продажбата.