СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Се произведува четири децении, а се чека две години [видео]

 

Иако Land Cruiser од J70 серијата е еден од најстарите модели на пазарот, побарувачката за него не стивнува.

Toyota го претстави овој теренец во 1984 година, како последен од серијата наменети за тешки терени и белосветските беспаќа.

Тогаш понудата на Land Cruiser веќе беше разделена на два модела, од кои оној кој повеќе беше ориентиран на комфор продолжи да се развива.

Докажувајќи се без поговор како најиздржлива (и најдоверлива) работна машина, J70 опстана до ден-денес и Јапонците навистина немаат причина да го менуваат.

Оние на кои им треба доста добро знаат што купуваат и не ги жалат парите за него – околу 50 илјади американски долари во Јужна Африка.

Во Европа не се продава иако се произведува во Португалија, заради тоа што неговиот V8 дизел не ги задоволува еколошките норми.

Но затоа таму каде им треба вакво возило на него се чека повеќе од две години.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео