СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Се шири семејството на Taycan

 

Заедно со вестите дека електричниот Taycan според продажбата го надминал легендарниот 911, стигнаа и деталите за неговата Sport Turismo изведба.

Ако Cross Turismo е авантуристички, новото издание на Taycan во себе ги обединува спортското и елегантното на начин каков што само Porsche го може.

И тоа во сите верзии на моќност – од стандардната преку 4S и GTS до Turbo и Turbo S, сé со цел љубителите на електриката да добијат поголем избор.

Со нормална височина и без пластични заштити, Sport Turismo го врати асфалтниот изглед.

Кабината е со пропорции кои овозможуваат зголемување на комфорот и практичноста.

Бројките велат дека патниците напред имаат дополнителни 9 милиметри за главите, а оние назад дури 45 милиметри повеќе.

Очекувано, тука е присутен и багажникот со 446 литри простор, плус оние 84 литри во предниот простор за товар.

На списокот на опрема се и стаклениот покрив со контрола на затемнувањето и системот за самостојно паркирање, со далечинско управувањето со возилото без возач во него.

Погонските опции се исти – две батерии од 79,2 и 93,4 kWh, погон на една или две оски и опсег на моќност на електромоторите меѓу 326 и 625 KS, краткотрајно до 761.

Со нив Taycan Turbo S Sport Turismo ќе истрча до 100 km/h за 2,8 секунди и ќе постигне максимални 260 километри на час.

Познати се и цените кои стартуваат од 86.495 евра за најслабата изведба и се искачуваат до 187.288 евра, без дополнителните опции.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV