На свечена промоција во Сити Хол во Скопје, во присуство на голем број новинари, претставени се новите СУВ модели на Opel: Crossland X, Mokka X и Grandland X. Модерните кросовери беа преставени од автомобилските новинари: Крумислав Барзов, Владимир Ристовиќ, Агрон Сулејман, Блашко Велјановски, Горан Антевски и Љупчо Михајловски, заедно со Драган Ненадовиќ, директорот на Opel за Србија, црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија.
Директорот Драган Ненадовиќ изрази големо задоволство поради премиерната промоција на СУВ моделите во Македонија, како и поради за интересот што го предизвика овој настан.
„Многу сум горд што Opel сега може да понуди дури три возила од СУВ сегментот. Mokka X е одличен наследник на веќе прославената Mokka, а Crossland X и Grandland X се прв заеднички модел развиен во рамките на новата групација – PSA.
Со овие модели по првпат влегуваме сериозно со најбрзо растечкиот сегмент во светот, сегментот на СУВ возила.
Очекуваме дека набрзо ќе станат наши нови најдобро продавани возила, и дека ќе го обезбедат заслуженото место на Opel кај љубителите на СУВ возила, и ќе ја заокружат нашата атрактивна понуда. Се радувам дека по саемот во Белград новите модели премиерно ги претставуваме и во Скопје, изјави Ненадовиќ.
Во Германија во првите два месеци од годинава според статистиката на КБА, федералниот сообраќаен орган, овие три на возила го зазема првото место во сегментот на СУВ/кросовер возила.
Opel Crossland X е разбирлив, остар, свеж и неверојатно практичен. Првиот играч во СУВ селекцијата им одговара на сите кои се сестрани и подготвени за предизвици.
Совршен пандан на урбан начин на живот благодарение на рафинираниот СУВ дизајн и компактните димензии: софистициран и динамичен, новиот Crossland X се издвојува со практичноста и спортската елеганција.
Crossland X поседува единствена специфичност – фантастичен ентериер, насочен кон оние што сакаат унапредена функционалност и практичност за своето семејство.
Опцијата за покрив во две бои, голем багажник како и доволно внатрешен простор се главните атрибути на Crossland X моделот. Идеален е за кратки шопинг патувања, но и за заминување на подалечни дестинации.
Само една година од отворањето на книгата за нарачки веќе стана бестселер: 100.000 купувачи во Европа го одбраа Opel Crossland X.
Mokka X се одликува со атрактивен дизајн и погон на сите 4 тркала. Вториот член на СУВ екипата е вистински успех за Opel, со повеќе од 750.000 продадени возила.
Возачите на Mokka X уживаат во главната предност која се рефлектира во повисоките седишта, давајќи акцент на подобрената видливост.
Овој компактен авантурист привлечен внимание со спортскиот дизајн, а покрај тоа и двапати е добитник на наградата „Автомобил на годината со погон на сите 4 тркала“.
Самоуверените, мускулести линии го привлекуваат вниманието, додека повисоката поставеност од тлото и големите тркала од лесна легура се доказ дека станува збор за вистински теренец.
На крај она што е приказна поврзана за Mokka X моделот е комбинацијата на динамичност, сила и храброст.
Opel Grandland X ги претставува сите карактеристики што ги поседува еден СУВ автомобил. Голема пространост и разновидност, комбинирана со стилско-динамичен ентериер го прават Grandland X премиум возило со врвни квалитети.
Овој несекојдневен СУВ го привлекува вниманието со своите остри линии, мускулестата силуета и спортскиот изглед.
Многуте иновативни технологии го првата возењето полесно, попрактично и побезбедно од било кога досега. Сите овие особини го прикажуваат Grandland X како вистински предизвикувач во својата класа,
На крајот од вечерта директорот Ненадовиќ го извлече и среќниот добитник на наградната игра кој освои викенд за двајца во Аурора Ресорт & Спа во Берово на кој ќе отпатува со Grandland X и ќе се увери во сите негови погодности.