СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Салон во Женева сепак можеби ќе има!

 

Откако фондацијата што го организира салонот на автомобилите во Женева се откажа од манифестацијата за 2021 година, се огласи сопственикот на изложбениот простор со став дека салон во Женева сепак треба да има.

Вртлогот на проблемите, пред сé финансиски, во кои западна организаторот на салонот на автомобилите во Женева, предизвика лавина настани кои го спречија неговото организирање во 2021 година.

И не само тоа – во прашање е доведено неговото постоење во иднина.

Една од солуциите да се избегне тој после 115 години да замине во историјата е компанијата што го поседува женевското сајмиште Palexpo да ги откупи правата за организирање на манифестацијата.

Иако постои реална можност за ова, сепак капиталистичкиот начин на размислување бара долго време за анализирање, донесување одлука и нејзино имплементирање. Но, за да не се загуби континуитетот бидејќи сега веќе и официјално Geneva Motor Show 2021 е откажан, Palexpo се огласи со свое мислење.

А тоа е оптимистичко во секој поглед, бидејќи тие сметаат дека манифестација во 2021 треба да има – без разлика како ќе се вика и колкава ќе биде.

Конкретно, Palexpo се нафаќа сам да организира заменска манифестација на својот простор сметајќи дека временската дупка до 2022 година ќе биде преголема и ќе проголта сé што досега за овој повеќе од еден век трпеливо е градено.

Водејќи се со ваквата, мора да признаеме исправна бизнис логика, тие се сметаат подготвени да инвестираат околу 15 милиони франци колку што чини организацијата на еден ваков настан и покрај ризикот на него да не се појават бројни традиционални изложувачи.

А бидејќи тие веќе го изразија своето мислење дека планираат да го прескокнат Geneva Motor Show 2021, од Palexpo очекуваат дека најмногу што ќе можат да постигнат е тој да биде за 35 отсто помал од досега.

Водејќи се од логиката подобро е да биде помал отколку воопшто да го нема, пореалните анализи на Palexpo велат дека ќе биде одличен успех ако успеат да пополнат 40 илјади квадратни метри.

Женевскиот салон на автомобилите е главна манифестација која се одржува на просторот на Palexpo, зафаќајќи повеќе од сто илјади квадратни метри изложбен простор. Тој носи 200 милиони франци приходи на градот, во чија сопственост се 80 отсто од Palexpo.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV