СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Регионална обука за новите технологии

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: MegaAutoParts not found

 

Домашната компанија Mega Auto Parts која е застапник на најпознатите светски брендови за резервни делови, организира единствена обука за роботизираните мануелни менувачи DSG на VAG-групацијата од страна на овластен инструктор на Schaeffler Group.

Обуката се состоеше од теоретски дел (предавање) за начинот на функционирање и составните компоненти на DSG менувачите, како и практичен дел во кој учесниците самите во групи работеа на практично сервисирање (промена на ламелите, пливачкиот замаец, лагер).

Тема беше DSG менувачот со 7 степени на пренос од првата генерација, со сува спојка, вградуван во моторите од 1.6 L и 1.9 TDI од групацијата VAG.

На обуката беа присутни сервисери од повеќе градови во Македонија, како и од Косово. По успешно завршената обука учесниците добија сертификати од Schaeffler Group но и пакети со промотивен материјал од Mega Auto Parts.

Mega Auto Parts како и до сега така и во иднина ќе продолжи да вложува во едукација и обуката на сервисерите во Македонија и регионот, кои се инаку редовни коминтенти и партнери.

Обуката се изведува преку одржување на работилници од страна на овластени инструктори од добавувачи на домашната компанија.

Целта е преку едукација на оние што се задолжени за одржување на возилaта, да се унапреди квалитетот на услугата што ја добиваа ткрајните потрошувачи.

Тоа поради фактот што долготрајноста на возилото зависи не само од квалитетот на вградените резервните делови, туку и од начинот на нивно вградување и подесување од страна на сервисерите.

Инаку интересен факт е дека роботизираниот DSG менувач е изум патентиран токму од страна на Schaeffler Group (под чија капа се брендовите LUK, INA, FAG) и e оригинално наречен 2CT, за да денес под различни имиња наоѓа примена во повеќето автомобилски брендови, како во VAG групацијата, така и во PSA, Fiat-Chrysler, Mercedes итн.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг