СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Пристигнува сосема новиот Nissan Qashqai [видео]

Откако официјално заради пандемијата беше одложено, Nissan сега со полна пареа работи на финалните подготовки за лансирањето на новиот Qashqai.

Компактниот кросовер кој го измени изгледот на европскиот пазар и ги натера конкурентите да го копираат неговиот успех е на чекор пред својот трет маратонски настап во трката за купувачите.

Прототипите на новата генерација на Qashqai ги поминуваат последните тест-километри пред сериската верзија да истрча на стартната линија.

Датумот сé уште не е официјализиран, но тоа ќе биде некаде во првите месеци од идната 2021-година.

Nissan претходно го одложи неговото лансирање кое требаше да се случи летово, официјално заради здравствената состојба на општеството.

Неофицијално се зборуваше дека всушност се преиспитуваат плановите дали британската фабрика и понатаму ќе го произведува или пак ќе биде затворена.

Тоа сега веќе е зад нас и новиот Qashqai наскоро ќе биде целосно подготвен да одговори на очекувањата на купувачите на оваа класа возила.

Дури и да ги надмине, судејќи според првите информации, кои велат дека се темели на новата CMF-C платформа на алијансата во која се вплотени напредниот инженеринг, иновативноста и современите технологии.

Тука пред сé се истакнува e-Power хибридниот погонски систем кај кој бензинскиот мотор не е механички поврзан со тркалата, туку само произведува струја за електромоторот.

Деталите за него и за останатите погонски опции меѓу кои сигурно нема дизели, ќе ги дознаеме кога ќе биде претставен.

Досегашната генерација на Qashqai е претставена на европскиот пазар во 2014 година и продадена во повеќе од милион примероци.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV