СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Екстендер за електрични возила

 

Израелската компанија Aquarius Engines разви линерарен мотор на водород кој работи како генератор за производство на електрична енергија.

Кај електричните возила Ахилова пета секако дека се акумулаторите. Стравот од празни акумулатори и нивното релативно бавно полнење сеуште се главна причина за воздржување од инвестирањето во електрични возила.

Од Израел доаѓа интересен предлог за продолжување на радиусот на движење на електричните возила.

Линеарниот мотор со внатрешно согорување кој како гориво користи водород би требало да претставува ослободување од стравот за „батери Азис“ ситуациите.

Извонредно едноставната конструкција која се состои од само 20 делови и која тежи безначајни 10,5 kg оди во прилог на продуктот на Aquarius Motors. Компактните димензии се уште еден адут за лесно интегрирање по постоечките платформи.

Згора на тоа е и едноставното одржување со сервис предвиден после 1.000 работни часови, што би било еквивалентно на прејдени 80 илјади километри.

За сето тоа време линеарниот мотор може да произведува електрична енергија со максимално моќност од 16 kW.

Таа енергија може да се употребува веднаш или пак да се складира во сетот батерии.

Убавото притоа е што при согорување водородот воопшто не емитува штетни гасови. Малку понеповолен е фактот што инфратструктурата за полнење водород е сеуште многу скромна.

Наместо водород, линеарниот мотор може да користи и LPG или CNG, па дури и бензин, но во тој случај еколошката компонента не е занемарлива, па целиот проект малку губи смисла.

Во приложениот видео прилог објаснет е принципот на работа на линеарниот мотор, а ние ќе направиме само краток обид во тој правец.

Како што може и да се претпостави, на една оска опозитно се фиксирани два работни клипа кои работат во двотактен ритам.

Горивото се вбризгува на двете страни посебно а издувот е заеднички. Линеарното движење предизвикано од работата на клиповите се претвара во електрична енергија која потоа служи за директна употреба од електромоторот или пак за складирање.

Во секој случај многу интересен предлог кој може да најде широка примена кај електричните возила.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV