СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Претставена внатрешноста на Mercedes SL [видео]

 

Целосно новиот Mercedes SL, шести од својот вид во 67-те години производство, крие едно големо изненадување.

Најавувајќи ја идната генерација на SL родстерот, Mercedes ја покажа неговата внатрешност во која се враќа 2+2 распоредот на седење.

На првите официјални фотографии се гледа и технички напредната инструмент-табла со која дизајнерите сакале да создадат мешавина на аналогната геометрија и дигиталниот свет.

Нарекувајќи ја својата идеја хипераналог, тие инспирацијата ја имаат пронајдено во оригиналниот 300 SL, ама сличностите и не се баш видливи.

Сепак големите екрани не можат да не се видат – 12,3 инчниот за инструмент таблата и 11,9 инчниот за инфо-забавниот систем со најновата MBUX технологија.

Идната генерација на славниот родстер на Mercedes ќе има нова шасија од алуминиум, челик, магнезиум и композитни материјали, а покривот е платнен.

За прв пат SL ќе биде понуден со 4Matic систем за погон на сите четири тркала, за кои засега не се знае каква гама погонски агрегати ќе ги задвижуваат.

Официјалната премиера на моделот кој ќе биде замена за AMG GT Roadster е закажана за ова лето.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео