СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Предпремиерна презентација на Peugeot 508 во Скопје

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: Peugeot508GT not found

 

Во репрезентативен објект и пред избрана публика денес (26.09.) во Скопје беше претставен целосно новиот Peugeot 508 кој официјално ќе биде достапен при крајот на годината.

Еве и тоа се случи, за прв пат кај нас се претставува модел кој допрва ќе ја има својата саемска премиера во Париз. За оваа привилегија заслужен е менаџментот на нашиот импортер „Еуроимпекс“ кој на домашната јавност успеа да и обезбеди екслузива во однос на останатите пазари.

Тоа и не би требало да чуди ако се земе предвид фактот што нашиот импортер со продажбата на возилата Peugeot се занимава веќе 28 години при што на домашниот пазар има пласирано близу 20 илјади возила. А тоа е бројка за респект која воедно за останатите импортери претставува недостижна цел.

Првите впечатоци од блискиот контакт со Peugeot 508 навистина се импресионирачки. Тоа е купе-седан со спортска елеганција и оригинални дизајнерски решенија.

Кај неупатените, внатрешноста ќе предизвика дилеми дали тоа се работи за сериски автомобил или пак за концептно возило.

Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за “night vision” и со многуте други дополнителни елементи во опремата, новиот Peugeot 508 ги надмина очекувањата на клиентите.

При претставувањето на моделот, Ивана Манчева Михајловска, Заменик извршен директор и Регионален маркетинг директор на Еуроимпекс, зборуваше за стратегијата на компанијата и развојот на брендот и посочи дека се многу блиску до „премиум“ друштвото и со задоволство истакна дека најновиот модел на брендот уште еднаш го потврдува тој факт.

„Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило, олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство“ – изјави Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во Еуроимпекс.

Новиот Peugeot 508 на македонскиот пазар сериски ќе биде понуден пред крајот на годината.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг