СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Превоз на астронаути до вселенското летало

 

Студија на Александер Имнадзе Балдини (Alexander Imnadze Baldini) како треба да изгледа превозот на астронаутите до нивниот вселенски брод.

Иако NASA е ориентирана на безпилотни бродови тоа не претставува никаква пречка дизајнерите да понудат визии за тоа како би требало да изгледа нивниот земски превоз до лансирната рампа на вселенските летала.

Во светот познати како Astrovan возила, во времето на интензивните вселенски истражувања, тие беа сериозна тема на разгледувања.

Очекувањата беа тие да изгледаат идентично на нивните летала, што се разбира беше само делумно исполнето.

И покрај трендот на минимални потреби за транспорт до лансирните рампи, независниот дизајнер Александер Имнадзе Балдини (Alexander Imnadze Baldini) одлучи да изработи студија на возило кое ќе може да послужи токму за таква намена.

Астрованот на Балдини освен што изгледа „вселенски“ тој нуди простор за неколку астронаути (со нивните скафандери) кои во возилото пристапуваат преку единствениот (невообичаено) широк страничен отвор.

Уште една особеност паѓа во очи а тоа големината на предниот ветробран кој по димензии е помал од задниот отвор.

Останатото во фото-галеријата!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот