СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

И Русите коњче за трка имаат

Рускиот електричен градски автомобил Zetta ќе чини шест илјади евра.

Компанијата планира до крајот на годинава да започне со негово производство, лансирајќи го како најевтин електромобил во светот.

Основната верзија според раководството на компанијата ќе чини 550 илјади рубљи, што е малку над шест илјади евра.

Zetta ќе има четири електромотори сместени во главчините на тркалата со номинални 46 коњски сили, а акумулаторите од 10 киловат-часа треба да му обезбедат автономија од околу 180 километри.

Производството на овој модел чие име е кратенка од Zero Emission Terra Transport Asset ќе се одвива во Толјати, во погон во кој се инвестирани околу 7,5 милиони евра.

Во моментов таму се одвива пробното производство, а кога ќе стартува со полн капацитет од фабриката ќе излегуваат по 15.000 возила годишно, од кои две третини се планирани за извоз.

Значајно е и тоа дека скоро сите компоненти освен батериите, ќе бидат од руско потекло.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот