СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Првични фотографии на обновените Peugeot 3008 и 5008

Малку предвреме, француските медиуми ги обелоденија обновените лица на двата модела на Peugeot.

Доста популарни уште откако за прв пат се појавија, кросоверските 3008 и неговата поголема изведба 5008 во ова рестилизирано издание добија изменет преден дел со поинаква маска, нови светла и дотеран браник, налик на Peugeot 208.

Овие два модела на француската марка во актуелната генерација се претставени 2016 година и логично е да се очекуваат и малку посуштински измени во механиката, но тоа ќе остане тајна до нивното утрешно официјално претставување.

Моментално во понуда се со 1,2 и 1,6 литарски бензински и 1,5 и 2,0 литарски дизели, дополнети со еколошката GT Hybrid4 плаг-ин верзија претставена минатата година.

Таа комбинира 1,6 литарски PureTech бензинец, два електромотора, литијум-јонски батерии од 13,2 kWh, 8-степена автоматска трансмисија и погон на сите четири тркала.

Вкупната силина изнесува 300 KS, а фабриката наведува забрзување од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

Секако, унапреден ќе биде и ентериерот на Peugeot 3008 и 5008 чија основна карактеристика и понатаму ќе биде современото iCockpit дигитално опкружување.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот