СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Позната првата премиера на салонот во Пекинг

За салонот во Пекинг Honda најави концепт на електричен автомобил.

Премиерата на концептот кој треба да покаже во која насока ќе се развиваат електричните возила на јапонскиот производител ќе биде засилена со CR-V PHEV, првиот плаг-ин хибрид на Honda.

За новиот концептен автомобил, освен оваа слика со која е најавен, апсолутно ништо не се знае – дури ни која ќе му биде ознаката.

Сепак се забележува дека ќе биде поголем од малиот е, кој е прв електромобил на марката и е наменет првенствено за европскиот пазар.

Согласно глобалните трендови би требал да биде кросовер, но бидејќи ќе биде претставен во Пекинг можно е да има лимузински облик како што Кинезите сакаат.

Се забележува исто така дека нема да има ретро црти како малиот градски електричен модел, чија продажба во Европа штотуку започна.

Се разбира, ништо не е познато ни околу плановите за производство. Што Honda ќе одлучи да ни каже за него ќе дознаеме за десетина дена, на 26 септември, кога започнува салонот на автомобилите во Пекинг.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV