СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia Motors со амбиција да стане водечки EV бренд

 

Деловната траснформација, Kia Motors планира да ја оствари преку претставување на седум нови модели до 2027 година.

Автомобилската иднина е јасно зацртана – таа ќе биде електрична. Електромоторите ќе дојдат како замена на сегашните мотори со внатрешно согорување. Оваа, четврта по ред автомобилска револуција, од темел ќе ги редефинира односите помеѓу производителите.

Најавите на Европската комисија за додатна редукција на штетните издувни гасови јасно наговестува дека во блиска иднина нема да има возило кое не е елктрифицирано – барем со „плагин“ систем.

Затоа, пазарниот успехот првенствено ќе зависи од капацитетите за брза трансформација на производната гама.

Во тој правец, речиси сите производители забрзано работат на електрификација на постоечките или пак на целосно нови модели кои ќе се движат исклучиво на батериски електричен погон (BEVBattery Electric Vehicle).

Корејците воопшто не би стигнале до овој степен на развој ако навремено не ги антиципираа овие процеси. Потврдата ни доаѓа лично од првиот човек на Kia Motors Corporation, Хо Сунг Сонг кој лично ја извести јавноста за глобалните планови на компанијата.

Според него до 2027 година Kia ќе лансира седум нови BEV модели. Серијата ќе започне идната година со моделот под кодно име CV кој би требало да го трасира глобалниот пат на Kia кон развиените пазари.

Сепак тоа нема да бие првата Kia која се движи со помош на електромотори – уште во 2011 ледот го проби Kia Ray EV, модел кој само во САД веќе е продаден во над 100 илјади примероци.

Како ќе изгледаат новите електрични модели и од кои категории ќе бидат тие, може да се насети од скромната фотографија.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV