СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Анализи

Погон на струја – главни разлики во однос на класичните погони

 

Сите говорат за електрификација на возилата. Но, што стои зад тие папагалски повторувани изрази? Што ја прави разликата со техниката која упорно се развива веќе 14 децении.

Повеќе од сигурно дека во иднина главна погонска сила ќе биде електриката. Горивата и гасот се веќе осудени, прашање на време е нивната демисија.

Но претпазливо со прогнозите, електрична енергија нема доволно за едноставна супституција на нафтените деривати и гасот. За да се случи квантниот скок кон електричнот погон ќе мора да се направат сериозни вложувања во нови извори за генерирање електрична енергија. А тоа чини пари, многу пари!

Оставајќи ја таа тема за некоја друга прилика, во случајов би сакале да се осврнеме на главните разлики помеѓу класичните возила какви што ги знаеме безмалку еден ипол век и возилата на чист електричен погон.

Во прв ред тука станува збор за поедноставување на механичката поставка. Електричарите немаат сложени мотори, исто така не им е потребен ниту менувач, сложените хидраулични склопови за покренување на управувачкиот механизам и сопирачките исто така се одвишок.

Понатаму, гломазните диференцијали за пренос на силината губат секаква смисла исто како и постоењето на резервоарите за гориво.

Нивната улога ја преземаат сеприсутните електромотри. А тие се поставуваат на позиции, токму таму каде што се потребни. Најчесто според „директ драјв“ принципот.

Погонските мотори можат да бидат од еден па до четири, па дури и пет на број. Варијациите на тема погон на предната, на задната или пак на двете оски се сведува на конструкторска желба.

Токму варијабилноста на погонските системи и капацитети е одлична прилика за користење на универзални платформи (облик на „скејтборд“) а тоа е огромна предност во однос на класичните возила каде што поврзаноста помеѓу вртењето на моторите со внатрешно согорување и капацитетите на возилото  е тесно поврзано со физичката големина помеѓу оските.

Конечно, одржувањето на електричните возила е далеку поедноставено. Не дека сите механичари ќе треба да се заменат со вработени од електричната струка, ама повеќето од нив сепак ќе треба да се прекфалификуваат.

Кај BEV (батериските електрични возила) редовните сервиси и одржувањето се сведени на минимум. Нема промена на масло, филтри, ремени, на механички компоненти, … Единствено треба да се внимава на системите за сопирање и потпирање. За останатото возачот ќе биде благовремено известен преку контролните уреди.

Тука секако треба се истакне и предноста која ја имаат дизајнерите при осмислување на надворешниот облик и внатрешната архитектура.

Да не говориме воопшто за перформансите. Големиот вртежен момент расположив уште од првите вртежи, овозможува забрзувања на кои можат да им парираат само спортските класичари. А тоа предизвикува широко растегнување на фацијалната мускулатура.

Но, едно големо НО, сериозно е исправено пред масовната употреба на BEV – батериите!

Актуелната технологија претежно се состои од вградување на литиум-јонски батерии кои обезбедуваат ограничена автономија, а и поприлично тежат.

Посебна главоболка е повторното нивно полнење. Ако користите домашен приклучок тоа е процес кој бара прилично трпение кое може да потрае и до осум, девет часа.

Убаво звучат приказните за брзо полнење (најчесто до 80% од капацитетот) кое трае околу половина час, но тоа може да се изведе само со помош на полначи со голем капацитет од 50 kV (кило волти) па нагоре. Тука возилата со класични мотори носат убедлива победа.

Нешто за загадувањето. Во принцип бензиските и дизел моторите испуштаат штетни материи таму кај што работат, затоа и во урбаните средини сé почесто се доживуваат како непријатели.

На расост на градското население, електричните возила воопшто не загадуваат таму каде што се користат. Кај нив загадувањето го предизвикува генерирањето на електричната енергија. А тоа може да биде „негде далеку“, па дури може да биде и од чисти, еколошки извори.

Реална би било да прогнозираме дека електрификацијата на возилата ќе се одвива паралелно со растот на еколошкото генерирање на потребната енергија за нивна работа. Останатите техникалии се лесно решливи.

Општ заклучок е дека разликата во погонското „гориво“ предизивикува драматични разлики помеѓу возилата со класичен погон и електричните возила. Во секој случај реалноста не наведува на заклучокот, „колку побрзо се навикнеме на електричарите толку полесно ќе навикнеме“ на користење на електричните возила. А тие си имаат свои големи еколошки предности.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Анализи