СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Авто Спорт

Објавен F1 календарот за 2022 година

 

Организаторите на шампионатот во формула 1 го објавија календарот за идната 2022 година, најдолг во историјата.

За следната сезона најавени се рекордни 23 трки кои ќе се одржат во 21 земја, а во Италија и САД по два пати.

Почетокот и крајот на сезоната ќе бидат на Блискиот исток – првата трка е закажана за 20 март во Бахреин, а последната за 20 ноември во Абу Даби.

Саудиска Арабија од крајот на годината е поместена за 27 март, за да може сезоната да заврши пред почетокот на светското првенство во фудбал.

Заради ковид-пандемијата сé уште ја нема големата награда на Кина, ама се враќаат Австралија, Канада, Сингапур и Јапонија.

Во календарот остана трката во Имола воведена како замена за Кина, а за прв пат ќе се вози и големата награда на Мајами.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Авто Спорт