СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Новиот план за ревитализација на Renault како гром од ведро небо [видео, 02:20]

 

Ниту небото е ведро, ниту пак дека не се очекуваа радикални измени во стратегијата, но новиот план за ревитализација на Renault удри како гром од ведро небо.

Следејќи го информациите за „Ренолуцијата“, се запрашавме од каде да почнеме – од здружувањето на Renault со Lotus место Caterham за Alpine, од препородениот Renault 5 или пак од нешто трето.

Но веднаш ни беше јасно дека од каде и да започнеме, нема да можеме да завршиме – измените во деловната стратегија на француската група се толку големи што не е можно сите одеднаш вистински да ги осознаеме.

Затоа сега, колку за почеток, ќе се задржиме само на најзначајните, претставени на најосновен можен начин. А тие се:

  • големо намалување на трошоците кое треба да донесе заштеда на 2,5 милијарди евра
  • продолжување и во иднина по трасата на високите технологии, но со истовремено намалување на трошоците за развој и истражувања од 10 на 8 отсто од приходите
  • фокусирање на помал број, но профитабилни модели, што ќе се добие со намалување на платформите од шест на три
  • скратување на времето потребно за развој на новите модели за една година
  • лансирање на 24 нови автомобили, од кои половината од компактната и средната класа, а од нив 10 електрични
  • намалување на капацитетите за производство за околу 25% (што значи отпуштања од работа)

Со ова и со другото, станува јасно дека планот за пресврт за марката на Лука де Мео во целост ги менува амбициозните стратегии на поранешниот шеф на Renault во егзил, Карлос Гон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот