Најспортскиот член на електричното семејството на Volkswagen носи ознака ID.R – Нико розберг, екс светскиот првак во Ф1, вели дека е ѓаволски брз.
Струјата сé пренесува екстремно брзо. Кога е впрегната како погонска сила, таа го задржува карактерот – вози многу брзо. Така вели и Нико Розберг, бившиот светски првак во Formula 1.
Како доказ го приложува забрзувањето од под две секунди на Volkswagen ID.R. Во понатамошното дружење со најспортскиот Volkswagen кој се движи со помош на електрична енергија, а кое се одвива (каде, инаку?) во „зелениот пекол“ на Нордшлајфе.
А таму за сега, патеката со должина од 20,81 km, најбрзо од сериските возила ја има поминато Porsche 919 Hybrid Evo со време од 5 минути и 19 секунди.
На Нико му беше потребно малку повеќе време – 6 минути и 5 секунди – за да го помине истиот круг.
Во тоа му погнаа максималните 671 КС и моментот од големите, 649 Nm. Големиот вретежен момент кој кај електричните мотори е на располагање уште од првите вртежи, го дава својот придонес во стреловитите забрзување.
Од друга страна максималната силина која е потребна за постигнување на повисоки брзини, мора внимателно да се менаџира поради екстремно брзото трошење на батериите.
Во двата случаи тежината која е задржана на исклучително ниските 1.100 kg ги собира сите аплаузи за рекордните постигнувања.
Во оваа фаза на развој малкумина ја имаат привилегијата да возат ID.R, и тоа на легендарната патека на Нирбургринг. Докажано, Нико знае со брзините, ете затоа е тој избран.