СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

На повидок нова генерација на Honda Civic

Honda за наредниот вторник – 17 ноември, најави дека ќе покаже сосема нова, единаесетта генерација на Civic.

Прототипот што ќе го видиме ќе биде во седан форма, според практиката на марката многу блиску до серискиот модел кој ќе влезе во производство во втората половина на идната година.

Веста за ова стигна од американската филијала на Honda, а засега нема најави за моделите за другите пазари, ниту пак за хечбек верзијата.

Не е познато ниту какви промени ќе претрпи моторната понуда, но добро се знае дека идната генерација на Civic повеќе нема да се произведува во Велика Британија бидејќи за јули 2021 е најавено затворањето на фабриката.

Од приложеното видео тешко може да се добие комплетна слика за дизајнот на идниот Civic, но од деталите се забележува дека генерално тој ќе биде омекнат во однос на сегашните агресивни линии.

Од порано се знае дека новиот модел треба да биде малку подолг, а Type R верзијата да досегне до хибридно добиени 400 коњи.

Колку има вистина во ова, можеби ќе дознаеме во вторник.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео