СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Најава за првиот електричен SUV на SsangYong

 

SsangYong Motor се огласи со “тизер” на својот прв EV (електрично возило) објавувајќи комјутерска анимација на неговиот можен изглед.

Развиен под кодното име E100, сликите на новиот EV (електрично возило) графички ни го доловуваат неговиот надворешен дизајн.

Овој SUV со средна големина ќе го карактеризираат изобилство простор во внатрешноста како и употреба на нови материјали, и сето тоа ставено во функција на зголемена ефикасност.

Од прикажаниот делумен изглед заклучуваме дека дизајнот го карактеризира аеродинамична силуета, со стил кој би требало да се вклопува во урбаниот простор.

Заради зголемена енергетска ефикасност, возилото има преден поклопец за моторот од алуминиум – за прв пат применето кај еден SsangYong, и запечатена решетката на ладилникот, а во функција на намалување на тежината и подобрување на центарот на гравитација.

Првиот EV на SsangYong ќе биде лансиран во првата половина на следната година, а очекувањата се дека значително ќе и помогне на марката да се позиционира на пазарот со препознатлив дизајнерски израз фокусиран кон иднината, како и со ново ниво на квалитет на своите производи.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV