СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Наследникот на Меркел си избра лимузина по мерка [3*видео]

 

Германија доби нов лидер, кој според традицијата, ќе добие и нов службен автомобил, блиндиран, каков што и треба да биде.

За разлика од неговата колешка која преферираше Audi A8, тој ја избра перјаницата на германската автомобилска индустрија, S-класата на Mercedes.

Конкретно, моделот S 680 Guard 4Matic кој располага со VR10 стандард за заштита, што го прави најзаштитениот цивилен автомобил на денешницата.

Задвижуван е од 6,0 литарски V12 битурбо мотор со 612 KS и 830 Nm кои се пренесуваат на сите четири тркала преку деветстепен менувач.

Максималната брзина му е ограничена на само 190 km/h, а со целосно издишани пневматици може да помине околу 30 километри.

За производство на секој примерок на Mercedes му требаат 51 работен ден, а цената изнесува 547 илјади евра.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео