СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Нарачани над 100 илјади примероци од Opel Crossland X

 

На неполна година од почетокот на примање на нарачките а веќе е бестселер.

Над 100.000 купувачи ширум Европа го одбраа Opel Crossland X. Свежиот надворешен изглед, пространоста и променливата внатрешност по терк на MPV возилата, со тренди каросерија во две бои и лежерен изглед на СУВ, Crossland X е полн погодок на пазарот во „Б“ сегментот на европски SUV возила.

„Со типична Opel технологија, како што се ергономските AGR предни седишта, кои се единствени во овој пазарен сегмент, Crossland X игра клучна улога во нашата актуелна понуда“, истакнува Петер Кисперт, директор на продажба и на маркетинг во Opel Automobile GmbH.

„Заедно со неговите роднини од „X“ сегментот, Mokka X и Grandland X, за првпат во 2018 година ќе биде достапен во текот на целата календарска година и ќе има важен придонес во растот“.

Crossland X е првиот заеднички проект на PSA Групацијата и Opel, чија соработка почна 2012 година. Автомобилот е изграден врз заедничка архитектурата со Citroën C3 Aircross, а и двете возила се произведуваат во фабриката во Сарагоса, Шпанија.

Crossland X е опремен со најсовремениот систем за помош на возачот, а во поглед на моторизацијата, во автомобилот се вградуваат ефикасни дизелски, бензински и LPG  мотори од 1,2 до 1,6 литри зафатнина.

Нивната силина варира помеѓу од 55 kW/75 КС до 96 kW/130КС, а се комбинираат со пет или шест-степенски рачни менувачи или пак со автоматски менувач со шест брзини.

Официјалната потрошувачка на гориво, согласно NEDC протоколот, на пат изнесува 8,4-4,11 л/100км, во град 6,01-3,31 л/100км, комбинирано 6,9-3,61 л/100км, додека официјалната специфична комбинирана CO2 емисија изнесува 123 – 931 г/км; класа на потрошувачка C-A+.

Crossland X е третиот член на Opel X – семејството на тренди SUV, покрај робустната Mokka X и Grandland X од повисоката компакт класа. Х – семејството ужива сѐ поголема популарност. Во Германија, на пример, според статистиката, триото е на првото место во за првите два месеца од годинава.

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV