СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Лук Донкерволке е нов шеф-дизајнер на Hyundai Group

 

Luc Donckerwolke, дизајнерот кој има исклучителна кариера во Seat, Lamborghini и Bentley застанува на чело на групацијата во која се Hyundai, Kia и Genesis.

Па добро каде е Петер Шрејер (Peter Schreyer) човекот кој се смета за најзалужна фигура во воздигнувањето на Kia, па потоа и на самата Hyundai групација во самиот светски врв?

Да тој секако е тука, само што сега од ново отворената позиција шеф на дизајн-менаџментот на компанијата ќе ја контролира работата на дизајнерските екипи.

Всушност, бившиот дизајнер на Audi, целосно ќе биде посветен на стретегиските прашања на корејскиот автомобилски гигант.

На негово место доаѓа Лук Донкерволке, човекот кој сé досега беше задолжен за дизајн на на возилата од премиум бренодт на Hyundai, Genesis.

Инаку, Донкерволке претходно го знаеме по креациите на Bentley, а претходно работеше и во Seat, а најапозната негова креација секако е Lamborghini Murcielago, лансиран уште во 2002 година.

Со г-дин Донкерволке иамавме прилика да поразговараме минатата година во Сеул при лансирањето на Hyundai Kona. Притоа со голема посветеност и страст во најситни детали ни го објасни пристапот употребен во дизајнирањето на комапктниот SUV на Hyundai.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV