На македонскиот пазар се нуди поголемиот дел од актуелна гама на речиси сите релевантни светски брендови. Интересно е да погледнеме кој сé се бави со продажба на нови возила кај нас.
Убаво звучи констатацијата дека на нашиот пазар може да се набави речиси секој автомобил што се продава и на западниот дел од континентот.
Во практика тоа значи дека ако покажете желба за некој модел тој ќе ви биде испорачан токму според вашите специфицирани желби.
Овој систем функционира веќе подолг период, а максимумот го постигна некаде во 2008/2009 година кога и продажбата на нови возила стигна до цифри од преку 15-16 илјади возила.
Во периодот кој следеше, имавме драматичен пад на продажбата што предизвика тектонски промени и кај домашните увозници.
Падот на продажбата беше проследен и со пад на нивото на застапништво, но и со губење на правото на директен дистрибутер и спуштање на ниво на дилери на странски компании.
Овој тренд свој одраз имаше и во сопственичката структура на увониците, па така се случи купување на домашните фирми од странски (пред се бугарски) компании.
Во многу помал обем, но сепак, во исто време се случуваше и обратен процес, па наши компании се здобија со статус на регионални дистрибутери. Таков е примерот со брендовите: Peugeot, Citroen, а од минатата година и Opel.
Во моментов на македонскиот пазар оперираат увозници со домашен, мешовит и со капитал од странско потекло.
– Во првата група се застапени брендовите:
Постојат и други, помали увозници но тие имаат симболичен удел во вкупната продажба. Од друга страна стојат компаниите со странски капитал кај кои може да се пазарат:
– Компанија со aвстриски капитал
– Компании со бугарски капитал:
– Toyota – Тојота Авто Центар (toyota.com.mk) и Lexus функционираат со британски, додека грчкиот капитал е присутен преку компанијата, Suzuki – Миркат-Suzuki Македонија (mirkat.mk)
– Како посебен случај се издвојува увозникот на:
… за кој знаеме дека функционира со мешовит капитал составен од домашна и израелска компанија.
За Импортерот на Mercedes-Benz (mercedes-benz.com.mk) и Mitsubishi (mitsubishimotors.mk), за жал, не располагаме со проверена информација.
На крајот на краиштата кога се наоѓаме во улога на купувач не би требало да не интересира кој од каде и како ги носи возилата, важно е да добиеме квалитетна услуга и грижливо водена пост-продажба.
Во развиени земји тоа е неважно, но кај нас сепак се прави разлика условена од потеклото на капиталот.
Пред се, во мала економија каква што е нашата, многу е важно и каде, па дури и на што се троши остварената добивка на компаниите. Потрошените пари дома подлежат на даноци (и акцизи), додека странските компании остварените приходи најчесто веднаш ги префрлаат на своите сметки надвор од државата.
А знаеме дека продажбата на нови возила секогаш се поврзува со обрт на капитал кој се мери во стотици милиони евра, па оттука не е седно каде завршуваат парите на купувачите.
Без никаков сомнеж се прави разлика и во однесувањето на компаниите – домашните компании, речиси без исклучок, покажуваат поголема општествена одговорност.
Водени од мислата „тука сме дојдени да заработиме, а не да трошиме“ странските компании токму така и се однесуваат. Тоа е тој современ капитализам кој во нашиот случај добива и една блага доза на суровост.
Дали сопственичката структура на продавачите на возила треба да игра некаква улога при изборот на марката или моделот. Не би требало, но понекогаш таа улога може да биде и пресудна.