СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

MG ја збогатува понудата на HS моделот сo бензинец од 162 КС

Успешниот старт на нашиот пазар, MG додатно го поттикнува со бензиска варијанта на СУВ модел од Ц-сегментот, MG HS.

MG грижливо го планира настапот на европскиот пазар.

За почеток домашниот застапник настапи со компактниот SUV, ZS и за број поголемиот и електрифициран, EHS.

Одличниот прием кај купувачите беше причината за збогатување на понудата со чисто бензиска верзија на SUV моделот, HS.

Во пренатрупаниот Ц-сегмент на SUV претставници тоа значи и ценовна конкурентност што, покрај бројните квалитети, претставува аргумент плус во рацете на производителот.

Во суштина говориме за идентичен мотор од плагин EHS-верзијата, а тоа значи бензиски турбо од 1,5 литри кој ослободува 162 КС и вртежен момент од 250 Nm.

На располагање се два нивоа на опрема, Comfort и Luxury кај кои може да се бира мануелна трансмисија со 6 степени на пренос или пак 7-степенски DCT автоматик за кој се доплаќа 1.500 односно 2.100 евра.

Без никакво двоумење, со богатото ниво на опрема, кинескиот производител сака да остави силен впечаток кај купувачите. Аргументи за тоа има на претек.

Во стандардната опрема се вклучени сите безбедносни и системите за автономно возење од “Level 2“ нивото.

Предупредувањето од фронтален судир, автоматско сопирање на возилото (функционира до 30 км/ч) при детектирање на возило, велосипед или пешак, автоматско сопирање при опасност од колизија за намалување на интензитетот на ударот.

Тука се уште и адаптивниот темпомат, препознавањето на сообраќајни знаци, предупредувањето за возила во мртов агол, задржување на коловозната лента, камери и сензори напред и назад, … и уште низа помошни уреди кои возењето го прават безгрижно и безбедно.

Безбедносната опрема од типот на комплетен сет на воздушни перници, или помошни системи за тргнување, стабилизација или сопирање, воопшто не се дискутираат.

Истото важи и за големиот дигитален екран за приказ на инструментите како и мултимедијалниот систем со навигација и поддршка за комуникациските мобилни уреди.

Повисокото, Luxury ниво е оплеменето со спортски седишта во кожа (за салон во црвена кожа се доплаќа 500 евра), потоа камера со приказ од 3600, 18 цолни бандажи, огромен панорамски кров, алуминиумски детали, амбиентално светло.

Без разлика на пакетот на опрема, MG HS забрзува до првата стотка за 9,9 секунди, притоа постигнувајќи максимум од 190 км/ч. Притоа декларираната просечна потрошувачка (според WLTP) изнесува 7,4 л/100 км.

Возилото со должина од 4.574 mm и меѓуоскино растојание од 2.720 mm нуди обилен внатрешен простор што го прави посакуван семеен автомобил со вишенаменска употребливост.

Цената на MG HS во Comfort пакет е поставена на 29.500 евра додека за Luxury треба да се издвојат 31.700 евра. Да секако, сите модели на MG се покриени со фабричка гаранција од 7 години.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг