СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Кога ќе се спојат ракета и велосипед во едно, …

 

Франсоа Гиси постигна светски рекорд во брзина постигната со велосипед. Ракетниот погон, му помогна на Французинот до стигне до неверојатните 333 км/ч.

Рекатниот погон не е ништо невообичаено кога се во прашање патните брзински рекорди. Но дали тој може да се вгради и во велосипед? Неее, … ќе гласи логичниот одговор на практичарите.

Но светски рекорди не постигнуваат тие, туку храбрите луѓе кои имаат визија како да се запишат во престижната книга. Токму така размислувал и Французинот Франсоа Гиси, кој со помош на ракетен погон вграден во неговиот велосипед успеал да постигне рекордна брзина од 333 км/ч.

Конечната брзина, Гиси ја постигнал за само 4.8 секунди што, само по себе, претставува своевиден рекорд. Ракетниот мотор со потисок од 4,15 kN предизвикал максималното забрзување со вредност од 3,05 g.

Да не должиме, … погледнете го видеото!

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео