СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Кога октаните владеат [видео]

 

На струјата сé уште не ѝ е место во Aston Martin – најновата нивна креација ќе има моќен V12 мотор.

Aston Martin од 2026 година ќе нуди само хибридни и електрични модели, но дотогаш октаните ќе владеат во неговата гама.

А таа, како што веќе некое време се најавува, ќе биде збогатена со новиот V12 Vantage чија премиера е најавена за 16 март.

Како што се очекува, тој ќе добие редизајниран боди-кит со пошироки крила, нова маска, поголеми спојлери напред и назад, хауба со голем отвор за воздух и две централно сместени издувни цевки.

Според непотврдените информации низ нив неговиот 5,2 литарски твин-турбо арсенал ќе испалува 690 коњски сили, кои ќе се кротат со спортски подесеното ослонување и засилените сопирачки.

Овој модел кој како последен потомок на својата лоза означува крај на една ера, ќе биде лимитиран на само 299 примероци.

Слушнете го.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео