СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Капитализмот на дело – полнење електричен автомобил 900 долари!

 

Тексашката поларна зима е уште еден пример за надмоќта на природата над човекот, но таа на површина исфрли и други „моќници“.

Додека сите декларативно сочувствуваат со жителите на Тексас кој го зафати поларна зима со невидени размери, алармот дека нешто не е во ред и со општеството а не само со палавиот карактер на природата го активираа сметките за електрична енергија на некои домаќинства таму кои се искачија и до 10.000 долари месечно.

Трагајќи по информациите, тамошните медиуми открија дека заради либерализацијата на пазарот со електрична енергија во некои моменти и на некои места 1 MWh струја бил наплаќан и по 9.000 долари, иако неговата редовна цена изнесувала околу 50 долари.

Колку за споредба, за оваа количина струја кај нас домаќинствата по скапата тарифа платат 5.950 денари, односно околу 117 долари.

Ова зголемување за 180 пати на цената на струјата во Тексас за сопствениците на електрични возила значи и зголемување на трошоците за полнење на електричните возила што ги имаат – според пресметките на 900 долари за автомобил со батерии со солиден капацитет од 100 kWh, каков што само еден жител на Тексас може и да има.

Ако повторно ја повикаме на помош споредбата со нашите цени на горивата ќе стигнеме до заклучок дека поминувањето сто километри сега со еден електричен автомобил во Тексас со споменатите цени на струјата би чинело исто како ние да возиме нешто што троши 230 и кусур литри на 100 километри!

Но ако пак ги споредиме наведените трошоци со редовната цена на бензинот таму, тогаш испаѓа дека најзагрозените Тексашани кои имаат електрични возила со нив се возат по иста цена како да имаат спејс-шатл кој им троши доста повеќе од 400 литри бензин на 100 километри!

На здравје бричење!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот