СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Mercedes C-класа: 7 години верност [видео]

 

Уште малку па полни седум години ќе поминат откако Mercedes ја започна продажбата на досегашната генерација на C-класата која го најде патот до 2,5 милиони купувачи.

Новата петта генерација (всушност шеста ако го броиме и 190) не продолжува таму каде таа застана, туку направи голем исчекор, толку голем што некои ја нарекуваат мала верзија на S-класата.

Тоа можеби е малку претерано, но сепак јасно е дека Mercedes има посветено посебно внимание на C-класата, чии бројки за продажбата останаа имуни на кросовер-стампедото.

Нив може да ги загрози само поголемата Е-класа, заради што овој модел сега порасна за 6 сантиметри во должина и 1 во широчина, додека меѓуоскиното растојание се развлече за 2,5 сантиметри.

Тоа заедно со за сантиметар помалата височина и обезбеди издолжена силуета чиј модерен изглед и покрај сличноста со поголемите браќа ја задржа препознатливоста, но во споредба со досегашниот модел ја загуби традиционална маска со која повеќе не може да се добие.

Затоа тука се новите светла со дури 2,6 милиони пиксели, како вовед во технологиите со кои C-класата располага.

А нив ги има толку многу што и самото нивно набројување ќе зазеде премногу простор, заради што само ќе го споменеме мултимедискиот MBUX систем од втората генерација.

Покрај сé друго безбедноста е засилена и со централно воздушно перниче меѓу возачот и совозачот, а комфорот во возењето со автоматскиот деветстепен менувач кој е стандарден – мануелен не може да се добие ни со посебна желба.

Тоа треба да дојде како еден вид компензација што во моторната понуда на новата C-класа повеќе нема агрегати со 6 и 8 цилиндри – дури и најмоќните AMG изведби ќе имаат четирицилиндрични мотори.

Нив уште на почетокот на продажбата закажан за 30 март ќе ги има доволно – три бензинци (170, 204 и 258 KS) и два дизела (200 и 265 KS).

Цените не се објавени, а досегашните купе и кабриолет изведби ќе бидат издвоени како засебен модел означен како CLE класа.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео