СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

И Porsche независна компанија?

 

По урнек на Fiat и Ferrari, и Volkswagen размислува да го издвои Porsche како засебна компанија чии акции би котирале на берзите.

На овој начин Porsche ќе привлече значајни финансиски средства кои би се искористиле за инвестирање во забрзан развој на високоперформансните електрични технологии, што е подрачје каде сите каскаат зад Tesla.

Според интерни информации, се проценува дека со ваков чекор Volkswagen ќе собере меѓу 20 и 25 милијарди евра.

Од групата засега нема никакви официјални информации, но со ова успешно би се заокружила приказната меѓу Rimac (каде Porsche има сопственичко учество од 15,5 отсто) и најавуваното купување на Bugatti од страна на хрватската компанија, кој пак, како добро знаеме, исто така е дел од VW.

Бидејќи сето ова звучи премногу интересно за да се игнорира, одвојувањето на Porsche како независна компанија би можело да се случи веќе идната година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV